Формула 1
Еден месец, многу прашања, нема одговори
29.01.2014 13:46
Точно 1 месец по скијачкиот инцидент во кој сериозно се повреди 7-кратниот светски првак во формула 1 Михаел Шумахер...

Точно 1 месец по скијачкиот инцидент во кој сериозно се повреди 7-кратниот светски првак во формула 1 Михаел Шумахер.
30 дена шампионот е во индуцирана кома, 23 дена од последната официјална информација дека е во стабилна сосотојба. Оттогаш ништо, само многу шпекулации.
„Нема да коментираме шпекулации“-изјави денеска Сабине Кем, менаџерката на Шумахер, откако неколку француски медиуми најавија дека е можно докторите во Гренобл да се обидат да го разбудат Михаел.
Колегите со поддршка, фановите со молитва, медиумите бараат ексклузивитет и шпекулираат.
Би-Би-Си спорт со истражување.Прво статистика:
1 милион луѓе во Британија живеат со долгорочно сериозно оштетување на мозокот.
558 луѓе на 100.000 имале повреди на мозокот.
353.052 пациенти биле примени во британските болници во 2011-тата и 2012-тата со повреди на мозокот или во просек по еден на секои 90 секунди.
Мислење на 2 експерта: проф.Гери Харстеин-главниот доктор во Ф1 во периодот од 2005-та до 2012-та и Колин Чиф –неврохирург во централната болница во Лондон.
Прашање: Може ли Шумахер комплетно да се рехабилитира?
Обајцата доктори се единствени:„ Тоа е малку веројатно,да бидеме искрени не е можно Михаел повторно да биде оној како што го познававме“.
Според нив, што подолго Шумахер е во кома, толку се помали шансите дека ќе се рехабилитира целосно. И во најдобар случај последиците се следни:
-Когнитивни: Губење меморија, концентрација , логично расуддување...
-Емционални: Анксионзност, експлозивен бес, раздразливост...
-Физички: Проблеми со движење, равнотежа, координација...
Општиот став е дека последиците неможе целосно да се предвидат.
