Избирачкиот список, пописот, економијата- во фокус на пратеничките прашања

30.06.2016 15:51

Партиите ги приближија ставовите околу методологијата за прочистување на избирачкиот список, но темата многу се политизираше изјави премиерот Емил Димитриев одговарајќи на пратеничко прашање во македонското Собрание, на која седница и овој пат не присуствуваа пратениците од опозициската СДСМ...

Паралелно со преговорите меѓу партиите, избирачкиот список на дневен ред и на јунската седница за пратенички прашања. Според независната, Солза Грчева, земјава сѐ уште нема кредибилен избирачки список, а тој, според неа, може да се оформи само преку спроведување на попис на населението. Премиерот Димитриев вели дека за пописот е потребен политички консензус, а партиите веќе ги доближуваат своите ставови за избирачкиот список.

На седницата информација дека во моментов се реконструираат 510 километри магистрални и регионални патишта.

Од Владата велат дека рудникот Иловица ќе се рестартира најдоцна до ноември. Инвеститорот ќе вложи 500 милиони евра, ќе бидат вработени 600 луѓе.

Миле Ристески