Ефикасен финансиски пазар со целосно усогласување со европското законодавство

30.06.2016 16:13

Македонија целосно го усогласи европското законодавство за финансиските пазари. По ова се очекува поголема конкуренција на меѓународниот пазар и шанса за бизнисот...

Усогласувањето на македонското со европското законодавство ќе донесе ефикасен финансиски пазар кој ќе соработува и ќе се интегрира со пазарите во светот. Дополнително се очекува правната рамка за помогне на пазарот да се појават нови меѓународни инвеститори и ќе придонесе кон зголемување на конкуренцијата и намалување на трошоците.

Овластените пазарни учесници и инвестициски фирми ќе можат да ги планираат активностите што ќе доведе до раст на пазарот на капитал како значаен дел од македонската економија. Влезот на странски портфолио инвеститори ќе бидат стимул и за домашните пазарни играчи, велат од Комисијата за хартии од вредност.

Законот за платежни услуги и системи ќе го замени постојниот закон за платен промет, додека законот за финансиски инструменти ќе го замени законот за хартии од вредност.

Се очекува финансиската еластичност да ги канализира инвестициите кон проекти на кои им треба финансисрање, и да се отворат нови алтернативи за бизнисот.

 

Дијана Ценевска