Заврши реконструкцијата на мостовите долж Коридорот 10

30.06.2016 16:27

Санацијата на мостовите се одвивала во три фази. Во првата беа обновени мостовите на автопатската делница од Катланово до Велес и делницата Скопје- Блаце. Во втората беа опфатени мостовите на делница од Демир Капија до Гевгелија, а во третата, на делницата Велес- Катланово.

64 мостови се обновени на македонскиот дел од Коридор 10, со финансиска поддршка на НАТО и на КФОР. Санацијата на мостовите се одвивала во три фази. Во првата беа обновени мостовите на автопатската делница од Катланово до Велес и делницата Скопје- Блаце. Во втората беа опфатени мостовите на делница од Демир Капија до Гевгелија, а во третата, на делницата Велес- Катланово.

„Со задоволство можам да кажам дека завршува еден успешен проект кој неколку години заедно го работевме во сорабтока за НАТО, како дел од заедничката заложба Република Македонија да добие нова и квалитетна инфраструктура на Коридорот 10“, рече Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

КФОР ја поддржувале обновата на мостовите затоа што Коридор 10 е значаен и за нив и за Македонија, потенцира бригадниот генерал Корум.

„Овој Коридор е многу значаен за КФОР, претставува главна доставувачка клучка од пристаништето во Солун- Грција, низ Македонија се до граничниот премин со Косово“, изјави бригадниот генерал на КФОР, Ференц Корум од унгарските оружени сили на НАТО.

„Овој проект е исклучителен пример за соработка и мислам дека сите можеме да го споделиме задоволството што овие работи се завршени со ваков висок стандард и навреме“, вели Стјуарт Руксон, претставник на Агенцијата за поддршка на НАТО.

Мисајловски нагласи дека развојот на патната инфраструктура е значајна за економијата, за што Владата вложува над милијарда евра.

 

Наташа Гркова- Петрушевска