„Лајкамобајл“ стартува со работа во Македонија

30.06.2016 16:36

На нашиот пазар ќе оперира со предзнакот 079 и ќе ја користи мрежата на мобилниот оператор „ОНЕ.ВИП“.

Виртуелниот мобилен оператор „Лајкамобајл“ соопшти дека стартува со работа во Македонија. Британскиот оператор ќе биде трет на македонскиот пазар, по спојувањето на „ОНЕ“ и „ВИП“.

На нашиот пазар ќе оперира со предзнакот 079 и ќе ја користи мрежата на мобилниот оператор „ОНЕ.ВИП“.

Од Агенцијата за електронски комуникации информираат дека операторот досега има добиено 175.000 броеви, кои ќе може да ги доделува на сопствените корисници.

Влезот на виртуелен оператор е последица на спојувањето на двете телекомуникациски компании, што се случи лани во октомври.