Субвенции за осигурување на земјоделското производство
Крајот на август е последниот рок за пријавување на субвенциите за осигурување на земјоделското производство. За овие премии фармерите имаат на располагање 70 милиони денари.

До 31-ви август земјоделците кои сакаат да го осигураат родот треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството каде што е регистрирано стопанство.
Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на полисата.
Условите се максималната површина да изнесува 10 хектари за лозови и за овошни насади, 2 хектари за градинарски култури и 20 за житни.
Вкупните средствата наменети за оваа мерка се 70 милиони денари, а максимален износ на поддршката е до 150.000 денари за едно земјоделско стопанство.
Според експертите осигурувањето од неповолни временски услови е единствениот начин за квалитетни и сигурни приноси.
Методија Тајков
