Пониски цени во регионалниот роаминг
01.07.2016 09:49
Ова ќе биде второ намалување согласно договорот на регулаторните тела на четирите држави, што стапи во сила во јули лани...

Од денеска за 17,2 процента ќе биде пониска цената за минута појдовен повик во Пониски цени во регионалниот роамингроаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. За 11,1 проценти ќе се намали цената на СМС, а за 35,7 проценти на мегабајт интернет.
Тоа ќе биде второ намалување согласно договорот на регулаторните тела на четирите држави, што стапи во сила во јули лани.
Лани цената на минута појдовен повик во роаминг беше намалена за 73 проценти.
Цената за 1 мегабајт интернет лани беше намалена за 90 проценти, а од денеска ќе биде пониска за 35,7 проценти.
