Собраниска делегација на 25 сесија на ПС на ОБСЕ
01.07.2016 10:00
На сесијата се очекува учество на околу 300 пратеници од 57 земји учеснички и партнери за соработка на ОБСЕ.

Делегација на македонското Собрание предводена од пратеникот Владимир Ѓорчев, член на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ, од денеска до 5-ти јули ќе учествува на 25-годишна сесија во Тбилиси, Грузија.
На сесијата се очекува учество на околу 300 пратеници од 57 земји учеснички и партнери за соработка на ОБСЕ.
Главна тема за дискусија на сесијата е „25 години Парламентарна соработка: Градење доверба преку дијалог“, со којашто Парламентарното собрание на ОБСЕ ќе одбележи четврт век од своето постоење.
