Рестартирањето на „Злетово“ и „Тораница“ можно за два месеца
01.07.2016 10:04
Расчистени се хипотеките, а во тек е продажба на имотот неопходна за рестартирање на рудниците, информира премиерот Емил Димитриев одговарајќи на пратеничко прашање.

Рестартот на рудниците „Злетово“ и „Тораница“ може да се очекува по еден до два месеца доколку подготовките се одвиваат со предвидената динамика. Расчистени се хипотеките, а во тек е продажба на имотот неопходна за рестартирање на рудниците, информира премиерот Емил Димитриев одговарајќи на пратеничко прашање.
Тој очекува во првата недела од јули да се одржи Собрание на доверители што ќе решава дали понудената сума на „Минстрој“ е прифатлива, и ако се донесе оваа одлука, би следело рестартирањето на рудниците.
