Времен режим за тешки товарни возила во летниот период
01.07.2016 10:12
Забраната важи во периодот од 17 до 22 часот во петок, од 9 до 18 часот во сабота и од 9 до 22 часот во недела.

Од денеска почнува да се применува времен режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во земјава со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Забраната важи во периодот од 17 до 22 часот во петок, од 9 до 18 часот во сабота и од 9 до 22 часот во недела. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.
