„Стандард и Пурс“ го намали рејтингот на ЕУ

01.07.2016 10:17

По одлуката на британските гласачи за напуштање на ЕУ, направивме преоценка на нашето мислење за кохезијата на Унијата и сметаме дека блокот може да има помала буџетска флексибилност по повлекувањето на Велика Британија, се наведува во соопштението на „Стандард и Пурс“.

„Стандрд и Пурс“ синоќа го намали кредитниот рејтинг на Европската Унија од ниво АА+ на АА. Во образложението се наведува дека причина  е несигурноста во ЕУ по одлуката на Британците на референдумот минатиот четврток за напуштање на Унијата.

По одлуката на британските гласачи за напуштање на ЕУ, направивме преоценка на нашето мислење за кохезијата на Унијата и сметаме дека блокот може да има помала буџетска флексибилност по повлекувањето на Велика Британија, се наведува во соопштението на „Стандард и Пурс“.

Агенцијата натаму наведува дека иако го намалила рејтингот на ЕУ за еден степен, сепак оценката за нејзините перспективи се стабилни, што би значело дека на среден рок најверојатно ќе нема потреба од негово дополнително намалување.