Почнува фестивалот „Пеце Атанасовски“

01.07.2016 10:21

Во Прилеп и на Рудината кај Долнени денеска и утре ќе се одржува 42-риот меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Околу 350 учесници од земјава и од странство ќе покажат дека се негува изворниот мелос, една од карактеристиките за опстојувањето на народот...

Изворната музика, душата и животот на еден народ, пак ќе се разлева во Прилеп и на Рудина кај Долнени. Почнува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Вечер во центарот на Прилеп, утревечер на Рудина околу 350 учесници од Македонија и од Русија, Србија, Бугарија и од Австралија ќе го претстават богатиот изворен фолклор. Ќе одекнат гајдите, тапаните, зурлите, кавалите и изворната песна.

Трета година со ред, фестивалот ја одржува и работилницата за изучување на народните инструменти и песни. Лулката на гајдите, Рудина, конечно ќе се уреди, а фестивалет е голем културен бренд.

Најдобрите учесници ќе бидат наградени, а странски гајдаџија ќе ја понесе „Гајдата на Пеце Атанасовски“.

 

Елизабета Митреска