Подобра услуга во градската општа болница 8– ми Септември
29.01.2014 14:13
Четири дигитални ренгени, пет ехо апарати и сонди за повеќе наменски испитувања...

Четири дигитални ренгени, пет ехо апарати и сонди за повеќе наменски испитувања, апарати за гастроскопија, колоноскопија и латерална гастроскопија се само дел од новата опремата во општата градска болница 8 – ми Сепрември.
Тендерот за набавка на опрема продолжува и оваа година. Голем е бројот и на градежните активности. Комплетно е реновирано и проширено одделението за неврологија, реновирани и други одделенија, официјално стартуваше и центарот за дијализа, започнато проширување и на ургентниот центар каде ќе бидат изградени и две операциони сали.
Бројот на пациенти е зголемен, а на некои одделенија дури и над 150 %.
