Словачка го презема претседателството во Советот на ЕУ
Врз словачкото претседателство најмногу ќе влијае Брегзит, но исто така продолжувањето на бегалската криза, феноменот на тероризам, но и континуираната недоверба на европската јавност кон бриселските институции...

Словачка од денеска го презема своето прво претседателство во Советот на ЕУ, една од трите главни институции на Европската Унија, кој се уште ги претставува сите 28 земји-членки.
Врз словачкото претседателство најмногу ќе влијае Брегзит, но исто така продолжувањето на бегалската криза, феноменот на тероризам, но и континуираната недоверба на европската јавност кон бриселските институции, изјави словачкиот амбасадор Мартин Безак, по повод преземањето на претседателството со ЕУ од Кралството Холандија.
Во однос на Македонија и Балканот, според Безак, особено се значајни два приоритета: одржлива миграциска политика и политика на азил и второ – кредибилна политика за проширување.
