Приведени уште 11 осомничени за нападот на „Ататурк“
Апсењата биле извршени во операција рано изутрината во квартот Башакшехир во европскиот дел на Истанбул. Со днешните, бројот на приведени достигна 24 лица.

Турската полиција приведе 11 странци, за кои постои сомневање дека се членови на огранок на Исламска држава во Истанбул и се поврзани со терористите самоубијци, кои го извршија тројниот самоубиствен напад на аеродромот „Ататурк“, јавуваат турски медиуми.
Апсењата биле извршени во операција рано изутрината во квартот Башакшехир во европскиот дел на Истанбул. Со днешните, бројот на приведени достигна 24 лица.
Тројцата терористи самоубијци, за кои се претпоставува дека се членови на ИД, активираа експлозивни направи во вторникот вечерта на аеродромот, при што загинаа 44 лица, а над 200 беа ранети.
Турски владин претставник потврди вчера дека терористите биле државјани на Русија, Узбекистан и Киргистан.
