Во контејнери со овошје запленети 11 тони кокаин
01.07.2016 12:03
Дрогата се рафинирала во 7 лаборатории откриени во џунглата, а оттаму со бродови се превезувала до Европа и до САД.

Италијанската, колумбиската и американската полиција запленија 11 тони кокаин и уапсија 33 лица од криминална мрежа која преработувала наркотици во колумбиската џунгла и ги шверцувала во контејнери со овошје.
Дрогата се рафинирала во 7 лаборатории откриени во џунглата, а оттаму со бродови се превезувала до Европа и до САД.
Од 33-ца уапсени, 22-ца се во Колумбија, а простанатите во Италија.
