Никола Маџиров- национален уметник за 2016-та

01.07.2016 12:10

Поезијата на Маџиров е објавена во над 50-тина држави во светот, во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка во Австралија и е преведена на 41 странски јазик.

Поетот Никола Маџиров е национален уметник за 2016-та. Признанието од Министерството за култура се доделува по шести пат. Поезијата на Маџиров е објавена во над 50-тина држави во светот, во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка во Австралија и е преведена на 41 странски јазик.

Никола Маџиров е еден од најистакнатите македонски поети и преведувачи од помладата генерација, кој со своето постојано и активно учество на врвни меѓународни книжевни фестивали во последните години дава значаен придонес во афирмацијата на новата македонска книжевност во светот, изјави министерката за култура Канческа-Милевска.

Маџиров е добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за поетската книга „Преместен камен“ (2007), Европската поетска награда „Хуберт Бурда“, „Левју литерер“... Тој има настапувано во најголемите и најреномирани фестивали и хали во светот.

Наградата Национален умтник досега ја добија Симон Трпчевски, Милчо Манчевски, Есма Реџепова, Борис Трајанов и Ана Дурловски.