Дисциплински постапки за вработени во Катастарот за неправилности при наплата
По поднесените пријави до надлежните институции од Катастарот очекуваат натамошна постапка по предметот за неправилностите при наплата на парични средства за запишување промени во катастарот на недвижности и издавање катастарски податоци.

Секторот за контрола и надзор при Агенцијата за катастар на недвижности поведе соодветни дисциплински постапки против инволвираните вработени во утврдените неправилности при контрола на Одделението за шалтерско работење во Центарот за катастар на недвижности Скопје, соопшти денеска Катастарот.
По поднесените пријави до надлежните институции од Катастарот очекуваат натамошна постапка по предметот за неправилностите при наплата на парични средства за запишување промени во катастарот на недвижности и издавање катастарски податоци.
Агенцијата за катастар на недвижности и понатаму цврсто и одлучно продолжува со борбата против корупцијата и несовесното работење и ги замолува сите граѓани ваквите случаи да ги пријавуваат на Инфо линијата на Агенцијата, истакнуваат од Катастарот.