Давор Поповски избран за нов претседател на СПУКМ

01.07.2016 12:23

Според Студентскиот парламент „изборниот процес се одвивал во фер и демократска атмосфера“, а во текот на процесот, според нив, имало тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот Пленум, за да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да гласаат.

Давор Поповски од ФИНКИ е новиот претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Тој освои 3.851 глас од вкупно 5.264.

Според Студентскиот парламент „изборниот процес се одвивал во фер и демократска атмосфера“, а во текот на процесот, според нив, имало тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот Пленум, за да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да гласаат.

Членовите на Студентскиот Пленум не ги признаваат резултатите од изборите, според нив тие се нелегитмни проследени со голем број нерегуларности.

Во просториите на Универзитетот се случи помал инцидент при носењето на гласачките кутии, а до доцна синоќа траеше блоката на Студентскиот Пленум по што дојде и до интервенција од страна на единицата за брзо распоредување пред просториите на Студентскиот парламент.