Перу: 48 деца починаа од студ, најпогоден регионот Пуно
01.07.2016 12:26
Температурата од минус 18 степени целзиусови е најниската забележана годинава.

48 деца починаа од воспаление на белите дробови и респираторни заболувања поради екстремно ниските температури на Андите во Перу. Децата се на возраст под 5 години.
Температурата од минус 18 степени целзиусови е најниската забележана годинава. Според проценките на штетите на Националниот институт за цивилна одбрана, времето му се заканува на една четвртина од милионското население од 12 региони во земјата.
Регионот Пуно, во близина на границата со Боливија е најпогоден. 15 области се прекриени со снег.
