Со две мерки ќе се решава проблемот со откупот на пченицата

01.07.2016 12:43

Со складирање на пченицата и субвенции за земјоделците се надеваат дека ќе се реши проблемот кој се појави отткако мелничарите понудија откупна цена, која според производителите на пченица е ниска.

Министерствто за земјоделство со две мерки ќе го решава проблемот на земјоделците и мелничарите. Со складирање на пченицата и субвенции за земјоделците се надеваат дека ќе се реши проблемот кој се појави отткако мелничарите понудија откупна цена, која според производителите на пченица е ниска.

Обезбедивме 80 отсто субвенции за складирање на 30.000 тони пченица. Исто така, по 6.000 денари за хектар или по два денара за килограм дополнителна субвенција ќе добие секој земјоделец што го пријавил производството на пченица, соопшти денеска министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

Според него, државата ќе им помогне на производителите да добијат по минимум 11 денари за килограм лебно жито од годинашната реколта со оглед дека мелничарите најавија откупна цена од најмногу осум денари.