Се врати детскиот џагор и наставата во ОУ Јосип Броз Тито во Струга
После дводневен прекин на наставата во најголемото основно училиште Јосип Броз Тито во Струга, 450 ученици повторно се вратија во училишните клупи.
- Поради немањето на нафта во ова училиште, во празните училници повторно се врати наставата и детскиот џагор.
Секој изгубен ден за учениците значи дополнителна настава за време на викенд. Тие денес беа задоволни со почетокот на наставата.
- Среќна сум што денес повторно после 2 дена прекин на наставата повторно истата ќе продолжи. Еве денес е топло и убаво е, вика ученичка од Јосип Вроз Тито.

8 тони нафта дали ќе бидат доволни зависи од временските услови кои ќе следат.
- Од денес 29 Јануари 2014 година, општинското основно училиште Јосип Броз Тито започна со редовна настава, бидејќи вчера добивме околу 8 тона нафта. За колку време тоа ќе биде доволно, ќе видиме затоа што најмногу ќе зависи од временските услови. Планираме да штедиме, да поминиме што повеќе да ја поминеме зимата барем во услови што подобри задецата, вели помошник директорот Зоран Блажески.
Со домаќинско работење но најмногу доколку и временските услови бидат во корист на ова училиште, добиената количина на нафта од 8 тони ќе биде доволна за околу 2 месеци.
Јованчо Наумоски
Снимател и монтажа: Сашо Кленкоски