ММФ од август без резидентен претставник во Македонија
Од ММФ велат дека локалната канцеларија во Скопје ќе остане и по истекот на мандатот на актуелниот претставник Патрик Гитон и ќе се обидат да обезбедат силно присуство и комуникација меѓу организацијата и државата.

Меѓународниот монетарен фонд од летово нема да именува резидентен претставник во Македонија. Од ММФ велат дека локалната канцеларија во Скопје ќе остане и по истекот на мандатот на актуелниот претставник Патрик Гитон и ќе се обидат да обезбедат силно присуство и комуникација меѓу организацијата и државата.
Како причина за ваквата одлука ММФ го наведува непотребното присуство на терен во отсуство на нивна програма во Скопје.
Во писмена изјава до медиумите, Гитон посочува дека ќе ја зачуваат својата суштинска мисија да ги набљудуваат макро-економските случувања и политики, и да обезбедуваат техничка поддршка.
