Честитка од Иванов до Обама по повод Денот на независноста на САД

04.07.2016 14:37

Нашите две држави ги поврзува традиционално пријателство, споделени заеднички вредности, како и стратешко партнерство во повеќе значајни домени. Активното учество на Република Македонија во повеќе мировните мисии, како и силната посветеност кон глобалната коалиција за борба против тероризмот...

Претседателот Иванов, по повод националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 јули – Денот на независноста, упати честитка до американскиот претседател Обама.

Нашите две држави ги поврзува традиционално пријателство, споделени заеднички вредности, како и стратешко партнерство во повеќе значајни домени. Активното учество на Република Македонија во повеќе мировните мисии, како и силната посветеност кон глобалната коалиција за борба против тероризмот, се важен дел од заедничките активности во регионален  и мултилатерален контекст, стои во честитката од македонскиот претседател.

Стапувањето на Република Македонија во одамна заслуженото полноправно членство во НАТО, и натаму останува голем предизвик со кој нашата држава се соочува. Во тој контекст, ја очекуваме вашата натамошна, уште позасилена поддршка во пресрет на самитот на Алијансата, во Варшава, додава претседателот Иванов во честитката до Обама.