Арамиите најактивни во летниот период
Месечно полицијата евидентира по стотина кражби. Арамиите се најактивни во летниот период. Се концентрираат на пари и златен накит. Но се крадат и лаптопи, мобилни телефони, се што се продава на пазарот на стари предмети...

Шеесетгодишен тетовец останал без заштедата од 2.500 евра и златен накит во вредност од 5.000 евра кога разбојник успеал да влезе во неговиот дом. Металната врата не била доволна да го заштити од крадци. Синоќа се случи грабеж во Бутел. Маскирани и со пиштоли разбојниците ја испразниле касата во еден маркет.
Месечно полицијата евидентира по стотина кражби. Арамиите се најактивни во летниот период. Се концентрираат на пари и златен накит. Но се крадат и лаптопи, мобилни телефони, се што се продава на пазарот на стари предмети. Крадците не се плашат ниту од полициските патроли. Надлежните велат дека постојано спроведуваат активности за подигање на свеста кај граѓаните дека можеби еден ден и тие ќе станат жртви на овој криминал. Велат, алармните уреди и необјавувањето на Фејсбук на која плажа се сончате се мерки за претпазливост што треба да се применуваат.
Најмногу кражби се случуваат во Скопје. Иако казната е од 1 до 10 години, во Македонија се случуваат и до 3.000 грабежи годишно.
Наташа Јанчиќ
