Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Со Бајрам завршува едномесечниот пост, кој освен воздржување од храна и вода, значи игнорирање на лошите мисли и духовно прочистување...
Со вкусна домашна баклава не дочека Сејдо од Сарај. Вели, на најголемиот празник за муслиманскиот свет, сите се добредојдени во неговиот дом. Богата трпеза имаше подготвено и за роднините кои ги очекуваше на ручек. Курбан Бајрам ги сплотува семејствата и им дава духовна сила на сиромашните.
Со Бајрам завршува едномесечниот пост, кој освен воздржување од храна и вода, значи игнорирање на лошите мисли и духовно прочистување. Пред утринската молитва – Бајрам намаз, верниците даваат садакатул – фитер, милостина за сиромашните, а потоа одат на гробишта кадешто го оживуваат споменот за своите најблиски.
Рамазан е деветиот месец во исламскиот календар. Завршува со празникот Бајрам кој се прославува три дена.
Анита Димитријевска
