Техничките средни училишта со непополнети квоти
Годинава изненадува фактот што дел од најбараните скопски средни училишта и во второто пријавување не ги пополнија слободните места...

Додека голем дел од гимназиите одбиваат ученици за упис, некои технички средни училишта и во второто пријавување не ги пополниле квотите. Иако годинава има поголем интерес за овие насоки, тоа не е доволно, вели директорот на електротехничкото „Михајло Пупун“, Ефтим Пејовски.
Пејовски очекува слободните места да се пополнат во вториот уписен рок. Упати апел до учениците- на пазарот на труд има дефицит од техничките кадри, тие први први стигнуваат до работно место
Во првиот уписен рок најголем дел од учениците, околу 4.800, ги одбрале стручните училишта, но професорите велат дека годинава голем е интересот и за јазиците.
Годинава изненадува фактот што дел од најбараните скопски средни училишта и во второто пријавување не ги пополнија слободните места.
Резултатите од второто пријавување ќе бидат објавени утре, а вториот уписен рок е закажан за 24 август. Училиштата кои нема да ги пополнат квотите ќе запишуваат полуматуранти до крајот на август.
Викторија Милевска
