Во камион откриени 96 мигранти
05.07.2016 15:36
МВР денеска соопшти дека во товарниот простор на возилото биле затекнати 96 лица-мигранти од Пакистан, Авганистан, Ирак и Сирија...

На автопатот Гевгелија- Скопје, во близина на клучката Прдејци, вчера изутрина мешовит патролен тим, открил случај на „криумчарење мигранти“ со товарно моторно возило „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки.
МВР денеска соопшти дека во товарниот простор на возилото биле затекнати 96 лица-мигранти од Пакистан, Авганистан, Ирак и Сирија.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.
