ДИК ќе ги менува методологиите за прочистување на избирачкиот список
06.07.2016 11:50
Едно од прашањата на кои ќе се работи се 40-те илјади спорни лица. Дел од нив имаат добиено биометриски документи, но немаат поднесено апликација во МВР.
Државната изборна комисија ќе ги менува методологиите за пречистување на избирачкиот список. Тие се доставени до политичките партии, кои со Комисијата и меѓународните набљудувачи ќе имаат средби со специјалната работна група за списокот.
Едно од прашањата на кои ќе се работи се 40-те илјади спорни лица. Дел од нив имаат добиено биометриски документи, но немаат поднесено апликација во МВР.
СДСМ бара решение и за 172 илјади граѓани кои повеќе од три месеци не живеат во земјава. Според ДУИ, 80 насто од нив се македонски државјани со албанско потекло.
