Почна карванот „Македонија вработува 2“

06.07.2016 13:59

Преку директна и непосредна комуникација се презентираат мерките, поволностите и можностите, како и бенефитите кои што ги нуди проектот. Запознаени и граѓаните и приватните компании. Карванот ќе помине во сите градови во државава.

Во Куманово стратуваше карванот „Македонија вработува 2“. Преку директна и непосредна комуникација се презентираат мерките, поволностите и можностите, како и бенефитите кои што ги нуди проектот. Запознаени и граѓаните и приватните компании. Карванот ќе помине во сите градови во државава.

Министерот Спасов информираше дека  пред само неколку дена започна со реализација проектот „Македонија вработува“, за кој нагласи дека бил прифатен од пошироката јавност, од социјалните партнерти, од репрезентаитвните синдикати од организациите на работодавачи, од експертската јавност и најбитно и од приватнииот сектор кој ги користеше бенефитите кои што ги нуди прокетот „Македонија вработува 2“.

За нас од особена важност е доближувањето на условите, начинот на аплицирање, критериумите, групите на невработени лица кои ги опфаќа проектот „Македонија вработува 2“ да ги доближиме до што е можно повеќе граѓани, што е можно повеќе компании.Токму заради тоа од денес, започнува караванот „Македонија вработува 2“, токму од тука од Куманово. Во наредните три месеци ќе продолжиме со посета на сите општини во РМ на голем број населени места, така ќе продолжиме со дирекна непосердна комуникација и презентација на мерките, поволностите, можностите, бенефитите  кои што ги нуди проектот „Македонија вработува 2“ до граѓаните на РМ, меѓутоа пред се, до приватните компании со директни средби со граѓаните, изјави Спасов.

Директорот на АВРМ, Влатко Поповски, нагласи дека проектот кој стратуваше веќе е во во оперативна фаза, секоја компанија која што има можности да вработува може веќе да го отпочне со реализација, бидејќи, додаде, системот на АВРМ е подготвен.

За почеток, само треба да поседуваат потврда од УЈП за платени даноци, придонеси и јавни давачки и веднаш истиот момент може да се реализира самото вработување. Нашиот систем е веќе подготвен така што секоја компанија која што има потреба да вработува може да го отпочне сето тоа. Мора да нагласам дека пресечниот датум е 12–ти мај 2016, кој што го земаме бројот на вработени кои што се во таа компанија, рече Поповски.