Иновативни решенија за поуспешен бизнис

06.07.2016 15:05

До први август сите иновативни компании можат да аплицираат за соодветна поддршка во Фондот за иновации. Најдобрите 15 компании ќе добијат средства од третиот оглас за поддршка на иновациите...

Компаниите кои имаат иновативни идеи до 1 август можат  да аплицираат за парите од Фондот за иновации.  За третиот јавен повик за финансирање проекти се обезбедени  450.000 евра кои ќе бидат поделени на 15 претпријатија.

Од Сојузот на стопански комори сметаат дека паричниот надомест што покрива над 80 проценти од трошоците за иновации е од големо значење за сите претпријатија, особено за малите.  

Со 1.300.000 евра од Фондот за иновации досега добиле пари 33 микро и мали претпријатија.  Заклучно со 2017 година, од Фондот е предвидено да бидат инвестирани 10 милиони евра.

 

Наташа Јанчиќ