За 10-то место во Европа премија од 30.000 евра
Најдобрите македонски ракометари ќе поделат премија од 30.000 евра за пласманот на 10-то место на ЕП во Данска. Ова е одлуката на раководството на РФМ донесена денска на состанокот на Управниот Одбор.

Најдобрите македонски ракометари ќе поделат премија од 30.000 евра за пласманот на 10-то место на ЕП во Данска. Ова е одлуката на раководството на РФМ донесена денска на состанокот на Управниот Одбор.
Македонската селекција ја оствари зацртаната цел, пласман во главната фаза и обезбедување статус на носител во мундијалскиот бараж во кој исто така доби посакуван противник во репрезентацијата на Грција. Една победа ( Австрија ), едно реми ( Чешка ) и четири порази ( Данска, Унгарија, Исланд и Шпанија ), е вкупниот ефект на третото ЕП за Македонија, што претседателот на РФМ, Живко Мукаетов го оцени како успешно:
„ Настапот е успешен, ако се земат сите околности.Се најдовме во вториот круг, што ни беше желба, бидејки бевме меѓу носителите за СП. Имавме желба за подобар резултат, но...Ќе сториме се, во иднина условите за работа да бидат уште подобри. Ова беше огнено крштевање и големо искуство. Целта на ова раководство е да работи на долги патеки и затоа треба да се сними се што е потекцијал, особено кај младинците и кадетите и тие да почнат да се вклопуваат кај сениорите, беше оценката на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.