Свеченост по повод прием на 125 професионални војници во АРМ

19.07.2016 10:12

На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствува и ќе се обратат министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменик-министерот Беким Максути, заменик – началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај...

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод приемот на 125 нови професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија.

На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствува и ќе се обратат министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменик-министерот Беким Максути, заменик – началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, како и други претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.