Самуел Жбогар нов амбасадор на ЕУ во Македонија

18.07.2016 16:26

Актуелниот шеф на делегацијата на Унијата во Македонија, Аиво Орав, заминува за амбасадор на ЕУ во Подгорица, Црна Гора...

Поранешниот министер за надворешни работи на Словенија и актуелен Специјален претставник на Европската унија на Косово, Самуел Жбогар е нов шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, јавува МИА.

Иако од Европската комисија и од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се уште не сакаат официјално да потврдат, Жбогар веќе минатата недела поминал успешно на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент и добил дозвола од 1-ви септември да ја преземе функцијата од Аиво Орав во Скопје.

Покрај доаѓањето на Жбогар за нов ЕУ-амбасадор во Македонија, од сослушувањето во ЕП е познато и дека актуелниот шеф на делегацијата на Унијата во Македонија, Аиво Орав, заминува за амбасадор на ЕУ во Подгорица, Црна Гора.