Хан: Добри вести од Македонија, важен чекор кон завршување на политичката криза
Хан порача дека конечно пристигнале „добри вести од Македонија“, додавајќи дека овој договор што предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 11-ти декември е „важен чекор кон завршување на политичката криза“...

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, предмалку на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави договорот меѓу четирите главни политички партии во Република Македонија со цел ставање крај на политичката криза.
Хан порача дека конечно пристигнале „добри вести од Македонија“, додавајќи дека овој договор што предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 11-ти декември е „важен чекор кон завршување на политичката криза“.
Добри вести од БЈР Македонија: политичките партии постигнаа договор за отворените прашања во разговорите за договорот од Пржино. Важен чекор кон ставање крај на политичката криза. Сега треба да се зачува моментумот: целосно спроведување на клучните реформи за одржлив напредок - порача Јоханес Хан на „Твитер“.
