Доналд Трамп и официјално претседателски кандидат на Републиканската партија

20.07.2016 11:48

Пропадна обидот на Тед Круз да собере доволно поддршка за да влезе во трката за кандидат. Најстариот син на Доналд Трамп, Доналд Трамп Џуниор, како делегат од Њујорк гордо изјави дека оваа држава ги доделува сите гласови за неговиот татко.

По гласањето на делегатите од сите американски сојузни држави на вториот ден од Републиканската конвенција во Кливленд, Охајо, Доналд Трамп лесно ги доби потребните 1.237 гласови за освојување на номинацијата за претседателски кандидат.

Пропадна обидот на Тед Круз да собере доволно поддршка за да влезе во трката за кандидат. Најстариот син на Доналд Трамп, Доналд Трамп Џуниор, како делегат од Њујорк гордо изјави дека оваа држава ги доделува сите гласови за неговиот татко.

Делегатите од главниот американски град Вашингтон беа незадоволни бидејќи сите нивни 19 гласови му беа доделени на Трамп, покрај нивните желби да му ги доделат на Марко Рубио и Џон Кесич.

Вториот ден од Републиканската конвенција почна со обраќање на спикерот на Конгресот, Пол Рајан, а говореа и сенаторот Марко Рубио, гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи и синот и ќерката на Трамп, Доналд Трамп Џуниор и Тифани Трамп.