Измените и дополнувањата на Буџетот за 2016-та на собраниска седница

25.07.2016 10:33

Македонското собрание на денешната 111-та седница ќе расправа за ребалансот на буџетот за 2016-та...

Македонското собрание на денешната 111-та седница ќе расправа за ребалансот на буџетот за 2016-та. На дневен ред е и предлог законот за изменување на Законот за Државниот испитен центар, по скратена постапка, како и годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2015-та.

Пред пратениците ќе се најдат и неколку предлог одлуки за избор на член на Советот на јавните обвинители на РМ, за именување член на комисијата на Агенцијата за пошти, како и за избор на член на Судскиот совет.

Пратениците ќе се изјаснат и за неколку ратификации на спогодби потпишани со владите на Виетнам, Италија и Србија.

Ќе се расправа и за измените и дополнувањата на законите за здравствено осигурување, за градежно земјиште, за административни службеници и на законот за спортска академија, сите по скратена постапка.