Седници на две собраниски комисии
Ќе ги разгледаат предлог законите за ратификација на спогодбите меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Виетнам за ослободување од визи, за носителите на дипломатски или службени/официјални пасоши.

Во Собранието ќе заседаваат и две комисии, законодавно- правната и комисијата за надворешна политика. Ќе ги разгледаат предлог законите за ратификација на спогодбите меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Виетнам за ослободување од визи, за носителите на дипломатски или службени/официјални пасоши.
Спогодбата со Владата на Република Србија за заемно признавање јавни документи за стекнато образование и за стручни, како и за академски и научни звања.
Пратениците ќе ја разгледаат и спогодбата со Владата на Италијанската Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации, како и предлог- законот за ратификација на измените и дополнувањата на конвенцијата за заедничка транзитна постапка.
Законодавно-правната комисија ќе расправа и по три барања за давање автентични толкувања, од Законите за данок на имот, за градежно земјиште и за изменување и дополнување на Законот за високото образование.
