Сѐ поголем бројот на жени лидери
Нивното опстојување- инспирација и мотив наспроти машкиот свет да се истрае во остварување на високите цели, да се биде поброен во врвот на бизнисот.

Меркел, Клинтон, Кристина Фернандез, Могерини, Лагард... Расте бројот на жени лидери во светот на политиката, кои им ги одзеле фотелјите на припадници на машкиот пол. Со три од шесте најголеми економии до почетокот на следната година може да лидеруваат дами- велат аналитичарите. Нивното опстојување- инспирација и мотив наспроти машкиот свет да се истрае во остварување на високите цели, да се биде поброен во врвот на бизнисот.
„Европската унија нема облигаторски мерки и регулативи за родова еднаквост на жените во бизнисот, но досега 12 земји прифатиле системски мерки и нивото на жените го зголемиле на 20 насто учество во високите одбори, франција станува лидер, најслабо котира Италија која е слична на нас со високо ниво на традиции, стереотипи, патријахалноист“, посочува Ленка Угриновска, Здружение на жени менаџери- Елит.
Балканот се уште во обид да ги надмине табуата за амбициите на жените. Во македонија само 12 насто се на менаџерски позиции, 32 проценти се претприемачи, речиси подеднакво како во европските земји. Според истражувањата, со поголемо ниво на едукација, квантитативно далеку од статистиката, по фактот дека дел од нив се само параван за машките бизниси. Фиктивно стојат на чело на фирма од родителот, сопругот или братот.
„Уште една летаргија на почетокот, најпрво се судира со општественото опкружување, сите параметри и сетинзи се да учи, да биде добра, да даде добри резултати во образванието, на универзитетот и оттаму сликата повеќето студенти на унивезритетите се девојки, повеќето магистранти и докторанти се девојки и целата таа популација некаде се губи, да почне да се занимава со бизнис и се губи во општествената структура“, вели Мирјана Маркоска Андреска, адвокат.
Патот до фукцијата не е лесен, но секој неуспех треба да биде мотив плус да се истрае во остварување на високите цели- охрабруваат моќните жени лидери во светот.
Сузана Фиданска- Стоевска
