Колонијата „Дрен“- непресушна уметничка инспирација

25.07.2016 11:01

Деветтата ликовна колонија „Дрен“ во Прилеп донесе 15 уметници од Србија, Бугарија, Русија и од Македонија. Синоќа на заедничката изложба тие ги претставија своите слики и инсталации потврдувајќи дека просторот, луѓето и природата заедно се непресушна инспирација...

Непресушната уметничка инспирација ги создаде новите 30-ина дела на меѓународната колонија „Дрен“. По деветти пат уметниците од Србија, Бугарија, Русија и од Македонија ги оставија своите неизбришливи траги на платната и инсталациите, црпејќи ја вдахновеноста од луѓето, опружувањето, од природата.

Луѓето и природата се најголемата инспирација, како целина. Посебно не може да бидат тоа што сѐ“, вели Мирослав Живковиќ, Србија.

На оваа колонија цело време, како сенка не следеа гулаби, кои се и мојата инспирација и се дружеа со нас дискретно“, изјави Марија Алексиќ, Србија.

Инспирацијата е насекаде.  Центарот за култура „Марко Цепенков“ како градба и опкружувањето даваат можност за уметнички израз, колку и да е необичен.

Ликовните колонии нудат широк уметнички израз. Може да бидат уште понепосредни.

На колонијата е добро што таа сликарска суета е сведена на минимум. Просторот е одличен, луѓето, планините, атмоферата е одлична и треба да биде уште понепосредна во иднина“, вели Јошкин Шиљан, Србија.

По девет години, за прв пат, од околината на манастирот „Свети Илија“ во Дрен, колонијата се одржува во Домот на културата.

Своето еднонеделно дружење и творење 15- те уметници и го претставија на публиката преку заедничката изложба на своите дела.

 

 

Елизабета Митреска