Бензините со иста цена, дизелот поевтинува
Дизелот и екстра лесното поевтинуваат за еден денар. Литар дизел ќе се точи за 48 денари, цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 36,5 денари. Поевтинува и мазутот.

Бензините остануваат со иста цена, а дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот поевтинуваат. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 остануваат со цена од 61, односно 63 денари. Дизелот и екстра лесното поевтинуваат за еден денар. Литар дизел ќе се точи за 48 денари, цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 36,5 денари. Поевтинува и мазутот.
Малопродажните цени на нафтените деривати во просек паѓаат за 1,20 проценти. Регулаторна соопшти дека во изминативе две недели – поевтино се продавала суровата нафта на светските берзи, а курсот на денарот во однос на доларот бил повисок.
