Продолжува чистката во Турција по неуспешниот пуч
Ројтертс потсетува дека турските власти уапсија и водат истрага за повеќе од 60.000 војници, полицајци, судии, образовен кадар, државни службеници и други лица за кои постои сомнеж дека се приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Турција укина и затвори многу институции и уапси и отпушти многу луѓе за кои се верува дека имаат врска со неуспешниот пуч.

Турските власти издадоа налози за апсење на 42 новинари, како последица на неуспешниот обид за воен удар во земјата што се случи на 15 јули. Според информациите на списокот се наоѓа познатата коментаторка и поранешна пратеничка во турскиот парламент, Назли Илиџак. Ројтертс потсетува дека турските власти уапсија и водат истрага за повеќе од 60.000 војници, полицајци, судии, образовен кадар, државни службеници и други лица за кои постои сомнеж дека се приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Турција укина и затвори многу институции и уапси и отпушти многу луѓе за кои се верува дека имаат врска со неуспешниот пуч.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најави дека поради пропаднатиот воен удар ќе отстрани од функција и некои амбасадори. Чавушоглу изјави и дека евентуалното одбивање на САД да го испорачаат опозицискиот исламски свештеник Ѓулен ќе им нанесе штета на односите меѓу Анкара и Вашингтон, и додаде дека за време на претстојната посета за тоа ќе разговара со американските власти.
Официјална Анкара смета дека Ѓулен кој доброволно живее во прогонство во САД уште од 1999 година е одговорен за неуспешниот воен преврат во Турција. Вашингтон побара јасен доказ од Анкара за вмешаноста на свештеникот во обидот за пуч, а адвокатите велат дека процесот за екстрадиција би можел да трае со години.
Во меѓувреме, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека Турција не е во ситуација набргу да стане членка на ЕУ и дека сите преговори за нејзиното приклучување ќе бидат итно прекинати, доколку повторно ја воведе смртната казна.
Марина Автовска
