ФИФА објави кој и колку трошел на трансфери

Бразилците најбарани, англиските клубови најгалантни

29.01.2014 16:02

За фудбалскиот бизнис нема криза. ФИФА преку овластената компанија „Глобал Трансфер Маркет“...

За фудбалскиот бизнис нема криза. ФИФА преку овластената компанија „Глобал Трансфер Маркет“ објави дека во 2013-та година се направени 12.309 трансфери со обрт од 3,7 билиони долари. Најактивен со вкупно 1558 трансфери повторно е Бразил без разлика дали играчите си заминувале или доаѓале во најфудбалската земја во светот. Интересно, „кариоките“најчесто засилуваеле екипи во Португалија (106), во Јапонија (50), па дури и ОАЕ (50), Јужна Кореја (30) и Унгарија (28) се земјите со повеќе Бразилци од клубовите во Шпанија и во Италија. 
 
Најмногу заработиле тимовите од шпанската Примера 565 милиони долари, пред Италија (436), Португалија (323), Бразил (312) и Англија 300 милиони долари. ФИФА соопшти дека најголеми трошаџии биле клубовите од англиската Премиер лига кои за трансфери во 2013-та одвоиле 913 милиони долари. Веднаш зад нив се италијанските екипи икао се сметаше дека во „калчото“ владее криза. Сепак, во Серија А се потрошени 475 милиони долари. По овие две лиги следуваат, француската (420), шпанската 319 и германската со 239 милиони долари. 
 
На целокупната фудбалска берза учествувале клубови од 116 земји или само екипи од 41 членка на ФИФА воопшто не пазарувале. Пет тима потрошиле четвртина од вкупната сума или 828 милиони долари и тоа Монако, ПСЖ, Манчестер Сити, Тотенхем и Реал Мадрид. Поединечно, трансферот на Герет Бејл од Тотенхем во Реал Мадрид „тежок“ 132 милиона долари според извештајот на ФИФА и на ТГМ сеуште е највреден без разлика на сомневањата дека  Барселона за Неимар потрошила повеќе од пријавените 74 милиони долари. Проценките се дека трансферот на бразилскиот супер - талент чинел околу 129 милиони долари затоа што правата за продажба покрај неговиот некогашен клуб Сантош биле поделени на уште три компании.