Нова средба на работните групи на четирите партии
25.07.2016 13:11
На маса ќе бидат ставени измените на законите за влада, за МВР и за медиумите, кои произлегоа од договорот од Пржино.

Работните групи на четирите политички партии денеска на нова работна средба. На маса ќе бидат ставени измените на законите за влада, за МВР и за медиумите, кои произлегоа од договорот од Пржино.
Државната изборна комисија деновиве на јавен увид ќе треба да ги објави спорните 39.502 лица, да спроведе јавна кампања и да објави јавен повик за пријавување на гласачите. Доколку не се пријават во предвидениот рок, тие ќе бидат избришани од избирачкиот список.
Во посебен извод на избирачкиот список ќе бидат ставени околу 170. 000 гласачи за кои се смета дека се на привремен престој или на привремена работа во странство.
