Пронајдени 12 мигранти од Сирија во возило во близина на Кавадарци
МВР денеска соопшти дека мигрантите се приведени, шест од нив ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци, а останатите ќе бидат вратени назад во Р.Грција.

На локалниот пат Кавадарци - Конопиште вчера во 09.10 часот полициски службеници во патничко моторно возило „рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки пронашле 12 илегални мигранти од Сирија, од кои четворица возрасни и осум малолетни деца.
МВР денеска соопшти дека мигрантите се приведени, шест од нив ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци, а останатите ќе бидат вратени назад во Р.Грција.
Возачот, откако не застанал на даден знак, продолжил со движење и по кратко време застанал, го оставил возилото и успеал да побегне. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, се појаснува во соопштението од МВР.
