Поддршка за Обрван од РФМ
Селекторот на сениорската ракометната репрезентација на Македонија..

Селекторот на сениорската ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван доби целосна подршка од УО на РФМ на денешната седница.Обрван го оцени како успешен настапот на ЕП во Данска во својот извештај.
„ Резултатот е успех без оглед на повредите и сите други околности кои не сакам да звучат како изговор. Ги видов сите ракометари на дело на голем настан и сега имам појасна слика во кој правец треба да се движиме во иднина. Во наредниот период шанса ќе добијат помлади ракометари кои треба да прераснат во нови лидери во националниот тим“, истакна хрватскиот стратег.
Селекторот имаше пофални зборови за нашата најдобрата четворка на шампионатот, Кире Лазаров, Борко Ристовски, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов, за кои кажа дека се врвни професионалци кои треба да бидат пример за помладите.