Нова средба на работните групи од четирите политички партии
25.07.2016 16:45
На неа треба да ги усогласат законските измени кои претходно ги договорија, за медиумите, за влада и за полиција.

Работните групи од четирите политички партии - потписнички на договорот од Пржино, попладнево ќе имаат нова средба. На неа треба да ги усогласат законските измени кои претходно ги договорија, за медиумите, за влада и за полиција.
Со измените за МВР е опфатено правото на министерот за кадровски промени. За влада, треба да се ограничи мандатот на новите министри и на дополнителните заменици до моментот, кога Државната изборна комисија ќе ги објави кончените резултати од изборите.
Во однос на медиумите се решенијата за јавниот сервис и за ад-кох телото, за кои рокот е 4 август.
Измените потоа ќе треба да поминат во Законодавниот дом.
