Скопје одбележува 53 години од катастрофалниот земјотрес
26.07.2016 10:22
Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 53 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени...

53 години од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26-ти јули во 5 часот и 17 минути, проследен со низа помали потреси. Над 200 илјади луѓе останаа без покрив над главата, беа разрушени 15 и пол илјади домови. Меѓународна помош пристигнувала од сите страна.
Скопје за кратко време стана град на меѓународната солидарност. Во својата долга историја многупати го уништувале, но одново се раѓал. Денес пулсира во ритамот на големите европски и светски метрополи.
Годишнината ќе биде одбележана со низа манифестации.
