Повеќе пари за Универзитетите од ИПА фондовите
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија за европски прашања д-р Фатмир Бесими...

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија за европски прашања д-р Фатмир Бесими, денеска потпиша Меморандум за соработка со шест универзитети од Република Македонија.
Меморандумот беше потпишан со Универзиеттот “Св.Кирил и Методиј“, со Универзитет на Југоисточна Европа, Државниот Универзитет во Тетово, Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, со Универзитет Св. Апостол Павле-Охрид, и со Универзитет Гоце Делчев – Штип.
Целта е продлабочување на соработката меѓу Секретаријатот за европски прашања и универзитетите, за изработка на заеднички проекти за истражување, дебати, предавања и заедничко аплицирање за нивно финансирање во земјата и во странство.
Се предвидува стажирање на студенти во секретаријатот во рамки на образовните програми кои ќе се изведуваат во доменот на европската интеграција. Првиот повик за волонтирање ќе биде отворен за сите заинтересирани студенти.
Меѓу другото со Меморандумот се предвидува доделување на стипендии за државни службеници, за магистерски студии од областа на европските студии, во Македонија и во странство, а исто така ќе се отворат и ЕУ инфо-катчиња на Универзитетите, односно на катедрите кои ги реализираат студиите поврзани со процесот на Европска интеграција.
