ДИК ќе го објави списокот со спорните гласачи
26.07.2016 10:35
До 19- ти август граѓаните кои се наоѓаат на листата мора да се пријават лично, електронски или преку видео врска за да останат на избирчакиот список.

Државната изборна комисија на веб страницата ќе ги објави имињата на спорните гласачи. До 19- ти август граѓаните кои се наоѓаат на листата мора да се пријават лично, електронски или преку видео врска за да останат на избирчакиот список.
Списоците ќе бидат истакнати и во дипломатско конзуларните претставништва за да имаат увид и иселениците.
Освен јавниот повик, на спорните гласачи ќе им биде испратено и писмо со покана да се регистрираат.
